Лилард и Мекколум пак ќе бидат „кошмар“ за Денвер

По подолго време, вчерашната понуда од Полноќниот експрес беше добитна, а сега преку кратки анализи ќе се обидеме повторно да составиме добитен тикет.

Си-Џеј Мекколум (Портланд трејлблејзерс – Денвер нагетс, 01 часот – Четврти натпревар, полуфинале Запад. Денвер води 2-1)

Мекколум експлодираше во минатиот дуел со 41 поен против Денвер и го врати својот Портланд во игра во полуфиналната рунда. Но, неговиот феноменален настап не беше епизоден, солидно игра цела сезона, вклучувајќи ги и разигрувањата. Домашните навивачи повторно очекуваат и посакуваат блесок на Си-Џеј, за Блејзерс целосно да ја вратат неизвесноста во серијата.

Предлог тип: Мекколум >21.5 поени (1.85)

 

Демиен Лилард (Портланд трејлблејзерс – Денвер нагетс, 01 часот – Четврти натпревар, полуфинале Запад. Денвер води 2-1)

Првата ѕвезда на Портланд беше ефикасна како Мекколум во победата над Денвер, но Лилард одигра и повеќе од задоволително, со 28 поени, 8 асистенции и 6 скока. Тој учинок му овозможи да ја надмине границата во трите статистики (поени+асистенции+скокови), а уште еден сличен настап од негова страна воопшто нема да биде изненадување. Лилард беше играчот кој редовно ја „повредуваше“ Оклахома во првата рунда од плејофот, а сега сака истото да им го направи и на Нагетс.

Предлог тип: Лилард >39.5 тотал поени+асистенции+скокови (1.90)

 

Никола Јокиќ (Портланд трејлблејзерс – Денвер нагетс, 01 часот – Четврти натпревар, полуфинале Запад. Денвер води 2-1)

Јокиќ правеше сè и сешто на теренот во третиот меч против Блејзерс и беше фантастичен со трипл-дабл учинок од 33 поени, 18 скока и 14 асистенции. Сепак, тоа не беше доволно за Денвер да го избегне првиот пораз во серијата против Портланд. Со цел Нагетс да ја задржат предноста во оваа рунда, потребно ќе биде Јокиќ пак да „збесне“, но сега неговиот учинок да биде корисен и со тоа да го води својот тим до трета победа и да бидат на чекор од конференциско финале.

Предлог тип: Јокиќ >44.5 тотал поени+асистенции+скокови (1.87)

 

Џамал Мари (Портланд трејлблејзерс – Денвер нагетс, 01 часот – Четврти натпревар, полуфинале Запад. Денвер води 2-1)

Покрај Јокиќ, одличен беше и Мари во претходниот дуел, во кој запиша 34 поени, 9 скока и 5 асистенции. Гледајќи ги учиноците на носителите на Денвер, се поставува прашањето како го загубиле мечот кој се реши по четири продолженија. Ако некој може да одлучи победник, тоа е токму шутерот на Нагетс. Многупати го докажал тоа во текот на оваа сезона, неговата ладнокрвност е тајното оружје на Денвер во одлучувачки моменти.

Предлог тип: Мари >19.5 поени (1.90)

- Оглас -

Најнови вести