Лилард погодуваше од сите можни позиции и испиша историја во НБА (Видео)

Демиен Лилард со 71 поен го предводеше Портланд трејлблејзерс до победа над Хјустон рокитс од 131-114, во меч за паметење поради изданието на ѕвездата на Пионерите.

Лилард погоди дури 13 тројки (од 22 обиди), што е втор најголем скор во историјата на НБА, и стана осмиот во историјата со 70 или повеќе поени, а прв кој на еден ист меч имал барем 70 поени, 10 тројки и по пет скока и асистенции. И сето тоа за 39 минути на терен.

Во првото полувреме Лилард даде 41 поен и најави дека ова е негова вечер. Лилард сега има пет меча во кариерата со 60 или повеќе поени, а со 32 години тој е најстариот што уфрлил 70 поени на еден меч во НБА и прв што дал 70 поени за помалку од 40 минути игра.

Никола Јокиќ направи трипл-дабл од 40 поени, 17 скока и 10 асистенции, а кога тој има двоцифрен ефект во трите најважни статистички категории, Денвер сезонава секогаш победува (23-0). Нагетс славеа со 134-124 против ЛА клиперс, и тоа по продолжение.

https://twitter.com/i/status/1630066604410281984

- Оглас -

Најнови вести