Лилард постави рекорд на погодени тројки, Дончиќ повторно незадржлив

По еден меч пауза, Лука Дончиќ повторно се врати на теренот во дресот на Далас маверикс и даде 38 поени, а имаше и 11 скока во победата над Оклахома од 121:114.

Далас само во една четвртина беше подобар од противникот и тоа беше втората, која ја доби со убедливи 43:24, па домаќините на полувреме водеа со 66:52 и потоа во ниту еден момент на противникот не му дозволија да се доближи до разлика со која ќе може да се понадеваат на пресврт. Џилџес-Александер заврши со 42 поени кај гостите, но не можеше сам да парира на расположените домашни играчи кои постигнаа дури 22 тројки.

Демијан Лилард имаше шутерско шоу и го израмни личниот рекорд од 11 погодени тројки, па Портланд немаше проблем и победи против Минесота, и тоа лесно со 133:112. Лилард заврши со 38 поени, но можеше да има и многу повеќе доколку играше во последната четвртина, која ја преседе на клупата.

Бруклин продолжува со одличните игри и стигна до осмата победа во последните девет меча откако на гости со 112:100 славеше кај Вашингтон. Лидерот во НБА, Бостон, загуби на гости во Лос Анџелес од Клиперс, и тоа убедливо со 113:93.

Резултати: Индијана – Мајами 82:87, Вашингтон – Бруклин 100:112, Мемфис – Атланта 128:103, Далас – Оклахома 121:114, Сан Антонио – Кливленд 112:111, Портланд – Минесота 133:112, ЛА клиперс – Бостон 113:93.

- Оглас -

Најнови вести