Лилард пукна „пееска“ како од шега и воодушеви со скромноста (Видео)

Демиен Лилард беше незадржлигв за одбраната на Њу Отлеанс пеликанс, во меч во кој блескаше со 50 поени и 10 асистенции, но уште повеќе воодушеви со изјавата по мечот.

Портланд губеше и со 17 поени разлика од Пеликанс, но победи со 125:124, благодарение на поените на Лилард од слободни фрлања на 1,2 секунди до крајот на мечот.

„Не ги заборавам времињата кога работев напорно за да стасам до тука. Морам да работам уште понапорно, за да бидам добар на главната сцена. Кога ќе се изгасат светлата тука, повторно ќе тренирам максимално посветено, како што тоа го правев и во средно училиште и потоа во текот на целата моја кариера. Не заборавам кој сум и од каде потекнувам и како стасав макотрпно до ова ниво да играм во НБА лигата“, изјави Лилард по победата во која по петти пат сезонава постигна над 40 поени.

https://twitter.com/espn/status/1372058212858540033?s=20

Кај Њу Орлеанс  тандемот Инграм и Вилијамсон искомбинираа 58 поени, но тимот може да жали за победата бидејќи прокоцкаа предност од 17 поени, а на стартот од последниот период имаа и 13 поени позитива.

Одлична вечер има и Леброн Џејмс со трипл-дабл од 25 поени и по 12 скока и асистенции во победата на шампионот Лос Анџелес лејкерс против Минесота тимбервулфс со 137:121 и Зак Лавињ, кој постигна 40 поени и беше лидер во триумфот на Чикаго булс против Оклахома сити тандер со 123:102.

Резултати: Бостон – Јута 109:117, Чикаго – Оклахома 123:102, Хјустон – Атланта 107:119, Мајами – Кливленд 113:98, Филаделфија – Њујорк 99:96, Портланд – Њу Орлеанс 125:124, Л.А. Лејкерс – Минесота 137:121.

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести