Лилард со 44 поени покажа дека не е за резерва на oлстар

Демиен Лилард ќе биде резерва на олстар-мечот во Атланта што ќе се игра викендов, но со играта против Сакраменто уште еднаш покажа дека е калибар и за место во стартната постава.

Лилард беше незадржлив и постигна 44 поени, најмногу од сите кошаркари што настапија ноќеска. Тој ја предводеше и серијата од 10:0 на Портланд во самиот финиш, што го скрши отпорот на Кингс за триумф на домашниот тим од 123:119.

Кајл Лаури нема да настапи на олстар-мечот, но го најави со феноменално остварување за Торонто против Бостон. Бекот на Репторс имаше 19 асистенции, што му е личен рекорд, но сепак си замина поразен бидејќи Келтите беа подобри и славеа со 132:125.

Резултати: Бостон – Торонто 132:125, Вашингтон – Л.А клиперс 119:117, Њујорк – Детроит 114:104, Индијана – Денвер 103:113, Мемфис – Милвоки 111:112, Њу Орлеанс – Мајами 93:103, Сан Антонио – Оклахома 102:107, Феникс – Голден стејт 120:98, Портланд – Сакраменто 123:119.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести