„Лилјаците“ повторно ќе „летаат“ во Лигата на шампионите

Последното коло во шпанската лига донесе многу возбуда, веќе е јасно кое екипи ќе играат во евро-куповите, а вечер ќе падне одлуката кој е третиот што ќе испадне.

Валенсија славеше со 2-0 кај Валјадолид и се задржа на четвртото место кое води во Лигата на шампионите. Капитенот на домашните, Борха Фернандес, го одигра последниот меч во кариерата, и доби овации од публиката. Валенсија по првата полусезона заостануваше 10 бода зад четвртиот, но со добри игри пролетва, успеа да се најде во ЛШ.

Севилја го победи Атлетик Билбао со 2-0, и го спречи излезот на баскијците во Лига Европа. Извиси и другиот баскиски клуб, Реал Сосиедад, кој загуби од Еспањол со 0-2. Клубот од Барселона со овие три бода, се проби на седмата позиција, и ќе игра квалификации за Лига Европа, иако пред само еден месец, бодовно беше поблиску до испаѓање отколку до Европа. Еспањол после цели 13 години ќе игра меѓународно натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести