Лименката на Доминик Тим предизвика хаос на Отвореното првенство на САД (Видео)

Австрискиот тенисер Доминик Тим имаше испад за време на мечот од второто коло на Отвореното првенство на САД против Сумит Нагал, а причината за неговото збеснување беше лименка. Организаторите не му дозволија на Тим да се напие енергетски пијалок „Ред Бул“ од лименката која си ја носеше. Компанијата „Ред Бул“ е спонзор на Тим, но за Американците пиење од лименка на која пишува „Ред Бул“ е скриена реклама и не му дозволија да пие.

Тим се налути, а му беше предложено да добие обична шолја во која може да го испие пијалокот за време на паузата помеѓу два гејма.

На крај стигнаа чашите, а дојде до комична сцена бидејќи организаторите држеа крпа пред Тим додека тој точеше „Ред Бул“ за да не се гледа лименката од брендот.

Погледнете како се криеше лименката за да не се гледа „Ред Бул“:

- Оглас -

Најнови вести