Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, на најновото рангирање на ВТА-листата објавено утрово се наоѓа на 181-вото место, што е напредок за една позиција во однос на минатата недела.
За 31-годишната Ѓорческа овој пласман е на 11 места подолу од нејзиниот најдобар рејтинг во 2017 година, кој го имаше кога беше 170-та на светот.
На машката АТП-листа има одредени поместувања во топ 10. Сега Алекс де Минор е шести, што е скок за две места, а по една скала надолу се симнаа Феликс Оже-Алијасим и Тејлор Фриц. Од македонските тенисери најдобар е Калин Ивановски, на 876-тото место.

