28.8 C
Skopje
среда, 3 септември 2025

Лина Ѓорческа експресно во четвртфиналето на турнирот во Романија

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, без многу мака обезбеди пласман во четвртфиналето на турнирот во Романија, оправдувајќи ја улогата на фаворитка против домашната претставничка Бјанка Барбалеску.

Со сигурна игра и максимална контрола на мечот, Ѓорческа славеше со 2-0 во сетови (6-2, 6-0) само за 65 минути. Единствениот момент кога Романката успеа да држи чекор беше во воведните четири гема, при резултат 2-2, но потоа Македонката презеде целосна доминација и не ѝ дозволи на Барбалеску да освои ниту еден гем до крајот на мечот.

Во борбата за полуфиналето, Ѓорческа ќе игра против Хрватката Луција Ќириќ Багариќ, која претходно ја совлада Србинката Миа Ристиќ со 2-0 (6-2, 6-3). Турнирот се одржува за награден фонд од 40.000 долари.

- Оглас -

Најнови вести