Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја освои титулата на турнирот во Букурешт, откако во денешното финале загуби од Австријката Лили Тагер со 1-2 во сетови (4-6, 6-3, 4-6).
Ѓорческа ја испушти својата шанса во третиот сет, во кој двапати имаше брејк предност. Водеше со 2-0 и 3-2, а при 3-3 имаше две брејк-топки, но не ги искористи, што на крајот доведе до пораз. Во десеттиот гем, кога Тагер водеше со 5-4, Лина имаше 0-40 за австриската тенисерка и успеа да одбрани три брејк-топки, но четвртата ја загуби и со тоа го загуби мечот кој траеше повеќе од два и пол часа.
Ова беше трето финале во низа за Ѓорческа, по оние во Куршумлиска Бања и Собослија.