Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, се пријави за настап во квалификациите на првиот гранслем-турнир во годината, Отвореното првенство на Австралија.
Искусната Ѓорческа повторно се пријави да биде дел од квалификациите на турнирот во Мелбурн, на кој во 2017 година стигна до третото квалификациско коло и за малку не влезе на главниот турнир.
Во моментов 31-годишната Ѓорческа е на 204-тото место на ВТА-листата. Во квалификациите нема ниедна тенисерка од Топ 100.

