21.8 C
Skopje
понеделник, 8 септември 2025

Лина Ѓорческа ќе игра против Американка во првото квалификациско коло на Вимблдон

Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа утре на пладне ќе го игра мечот од првото коло од квалификациите на гренслемот Вимблдон и тоа против Американката Саша Викери, која е рангирана како 29-та носителка во квалификациите.

Ривалката на Ѓорческа има 29 години и се наоѓа на 138-тото место на ВТА листата, а на Вимблдон има две учества на главниот турнир, во 2018 година стигнала и до второто коло.

За Ѓорческа која е 230-то рангирана на светот, ова ќе биде втор настап во квалификациите на Вимблдон (првиот го имаше во 2017).

Мечот меѓу Ѓорческа и Викери се игра на теренот број 9 на „Ол Ингланд“ клубот во Лондон. Ако Лина помине, во следното коло би имала меч со Дијас од Казахстан или Савангкаев од Тајланд. За да се стигне до првото коло на главниот турнир, треба да се минат три квалификациски кола. Најтежок противник на Ѓорческа може да биде Кинеската Баи во третото коло. Баи е втора носителка во квалификациите и 92-ра на ВТА листата.

- Оглас -

Најнови вести