Лина Ѓорческа победува во градот во кој е роден Рафаел Надал

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласира во четвртфиналето на ВТА турнирот во Манакор, во Шпанија. Ѓорческа денеска без многу проблеми ја победи Ангелина Виргес од Германија со 6:3, 7:5 во два дета.

Во четвртфиналето Ѓорческа ќе игра против чешката тенисерка Никола Бартункова. Лина ја има фаворитската улога на овој дуел и реален е пласманот во полуфиналето на турнирот во Манакор.

Овој шпански град е познат како родното место на најдобриот нивен тенисер на сите времиња, Рафаел Надал. Додека Ѓорческа игра во градот на Надал, Шпанецот се подготвува за полуфиналето на гренслем-турнирот во Мелбурн. Надал во полуфиналето ќе игра против Матео Беретини од Италија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести