Македонската тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди пласман во финалето на турнирот во Куршумлиска Бања, совладувајќи ја Русинката Дарија Астахова со 2-1 во сетови (2-6, 6-2, 6-4).
Иако мечот не започна по нејзин вкус и го загуби првиот сет, Ѓорческа успеа да го пронајде својот ритам и во вториот сет врати со идентичен резултат. Решавачкиот трет сет донесе израмнета борба, но седмиот гем беше пресвртна точка. Токму тогаш Лина го обезбеди вториот брејк, што се покажа како клуч за конечната победа.
Во финалето, Ѓорческа ќе се сретне со подобрата од полуфиналниот дуел меѓу Романката Мириам Булгару и Бугарката Денислава Глушкова.