29.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Лина Ѓорческа се пласира во полуфиналето на турнирот во Куршумлиска бања

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди пласман во полуфиналето на ИТФ турнирот во Куршумлиска бања (Србија), по одличен пресврт против Русинката Анастасија Золотарева.

Ѓорческа загуби во првиот сет со 6-4 во гемови, но успеа целосно да се врати во натпреварот и да го добие вториот сет со 6-2. Во третиот и одлучувачки сет, Ѓорческа ја покажа својата ментална цврстина и триумфираше со 6-4, осигурувајќи си место меѓу најдобрите четири на турнирот.

Во борбата за финале, македонската тенисерка ќе се соочи со тенисерката од Казахстан, Гозал Ајзада Куламбајева.

- Оглас -

Најнови вести