Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, по вчерашниот триумф на фјучрсот во Куршумлијска Бања и освоените 70 поени од турнирот, се искачи на 186-тото место на ВТА-листата, што е напредок дури за 30 места во однос на минатата недела.
Лина сега е многу блиску до својот најдобар ранг, кога беше 170-та на светот во јуни 2017 година.
Кај мажите, на најновата АТП-листа Обрад Марковски е единствеиот Македонец со подобар ранг и сега се наоѓа на 1.374-тото место. Калин Ивановски и натаму е најдобро рангиран, но тој има минимален пад за едно место и сега се наоѓа на 331-вата позиција.