Македонската тенисерка Лина Ѓорческа избори пласман во полуфиналето на ИТФ турнирот во Романија по голем пресврт против Хрватката Луција Ќириќ Багариќ.
Ѓорческа лошо го започна мечот и првиот сет го загуби со убедливи 6-1 во гемови, но потоа целосно ја презеде контролата. Во вториот сет ѝ дозволи само еден гем на противничката (6-1), а решавачкиот сет го доби на доминантен начин, со 6-0.
Со овој триумф најдобрата македонска тенисерка обезбеди место во полуфиналето, каде што ќе се сретне со третата носителка на турнирот, Романката Попа.