Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа се израдува на првата титула во 2023 година. Во финалето на фјучрс во Куршумлиска Бања, Ѓорческа беше подобра од Хрватката Антонија Ружиќ со 6-3, 6-3 и заслужено стигна до трофејот.
Ова беше четврто финале за нашата најдобра тенисерка оваа сезона. Претходно загуби од Талин Осиек и Куршумлијска Бања, за да денеска стигне до вкупно 13-та титула во сингл. Речиси една година чекаше Лина за ваква радост затоа што нејзината последна титула беше лани во ноември во Грција.