28.8 C
Skopje
сабота, 13 септември 2025

Лина Ѓорческа во финалето на турнирот во Букурешт

Лина Ѓорческа ќе игра уште едно финале на челенџер-турнир во Романија. Македонската тенисерка ја елиминира првата носителка, Гркинката Деспина Папамихаил, со убедлива победа од 2-0 во сетови на турнирот во Букурешт.

Иако мечот траеше само час и 21 минута, тој понуди солидна борба, а Ѓорческа уште еднаш потврди дека се наоѓа во врвна форма. Во првиот сет беа забележани дури четири брејка, од кои два во корист на тетовчанката, која го доби сетот со 6-2.

Речиси идентичен беше и вториот сет. Ѓорческа направи три брејка, додека Папамихаил врати само еден. Со нови 6-2 во гемови, Македонката го затвори мечот во своја корист.

Во финалето Ѓорческа ќе се сретне со победничката од дуелот меѓу Тагер и Нахимана.
Лина Ѓорческа минатиот викенд го освои челенџер-трофејот во романскиот град Слобозија.

- Оглас -

Најнови вести