Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, избори пласман во финалето на турнирот во Куршумлиска бања (Србија), совладувајќи ја казахстанската тенисерка Жибек Куламбајева со 2-1 во сетови (6-2, 2-6, 6-3).
Ѓорческа, која е втора носителка на турнирот, имаше одличен старт и го освои првиот сет со убедливи 6-2. Во вториот сет, Куламбајева возврати со иста мера и израмни на 1-1, но во решавачкиот трет сет Лина покажа стабилност и искуство, славејќи со 6-3.
Со оваа победа, Лина ќе има шанса да се бори за нов трофеј, а во финалето ќе игра против грчката тенисерка Марта Матоула, која е седма носителка на турнирот.
Матоула обезбеди финале откако нејзината противничка во полуфиналето го предаде мечот.