28.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025

Лина Ѓорческа во полуфиналето на турнирот во Букурешт

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа избори пласман во полуфиналето на турнирот во Букурешт откако денеска ја совлада Финката Лаура Хиетаранта со убедливи 2-0 во сетови.

Ѓорческа одигра сигурен меч и двата сета ги доби со идентични 6-3, а речиси по два часа борба обезбеди нова важна победа и e чекор поблиску до финалето.

Во битката за место во финалето, нашата најдобра тенисерка ќе се сретне со победничката од дуелот меѓу Деспина Папамихаил од Грција и романската претставничка Попа.

- Оглас -

Најнови вести