Лина Ѓорческа успешно ја мина првата пречка во квалификациите на гранслем-турнирот Отвореното првенство на Австралија, ја елиминира четвртата носителка и сега потребни ѝ се уште две победи за да се најде на главниот турнир и потенцијално да има дуел со некоја од најдобрите на светот.
Ѓорческа на теренот број 12 во Мелбурн имаше силна поддршка од трибините, каде што се најдоа македонски фанови.

Погледнете ТУКА како играше Лина и како се навиваше за најдобрата македонска тенисерка.

