Лина ја реши 117 места подобрата тенисерка и стигна до полуфинале

Лина Ѓорческа се пласира во полуфиналето на В60 турнирот во Оломоуц, Чешка, по победата од 6-4, 6-2 над Ема Наваро. Македонската тенисерка делуваше супериорно против 117 места подобро рангираната претставничка од САД.

За помалку од 80 минути Лина стигна до посакуваната победа, откако во првиот сет трипати ѝ украде сервис на противничката, но и Наваро дојде до два брејка кои не ѝ помогнаа да се спаси од негатива.

Ѓорчека во вториот сет беше уште посигурна во својата игра. Со брзи два брејка стигна до водство од 4-1, па на свој сервис го доби и гемот за 6-2 искористувајќи ја првата меч-топка.

Во битка за финалето, Ѓорческа утре ќе ги одмери силите против Русинката Дарија Астакова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести