Лина не успеа во квалификациите на Вимблдон, кобни беа двата тај-брејка

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, не успеа да ја мине првата пречка во квалификациите на грен-слем турнирот Вимблдон.

Ѓорческа која е 230-та на ВТА листата, загуби од 138-мо рангираната на светот, Американката Саша Викери со 6-7, 6-7, во меч кој траеше 1 час и 44 минути. Овој пораз на Лина не е изненадување, но македонската тенисерка одлично се држеше во двата сета, пред да го положи оружјето во тај-брејковите.

Во првиот сет, двете тенисерки освоија по неколку гејма на противнички сервис, а во тај-брејкот, Викери беше подобра со 7-1. Во вториот сет немаше брејкови, двете одлично сервираа, па пак мораше да се игра тајбрејк. Овојпат Лина губеше со 1-6, освои четири поени по ред, спасувајќи четири меч-топки, но Американката освои поен и го доби тај-брејкот со 7-5 за конечни 2-0 во сетови.

- Оглас -

Најнови вести