Норвежанецот Мариус Линдвик е освојувач на олимпиското злато во ски скокови, откако во неизвесна завршница, со само 3.3 поени предност го победи фаворизираниот Рјоју Кобајаши.
Кобајаши имаше далеку подобар прв скок од 142 метри и 147 поени, но, во вториот потполно разочара и дојде до 138 метри односно 145.8 поени, за на крајот да има 292.8 бодови.
Од друга страна, пак, Норвежанецот имаше неверојатен втор скок, каде што со прелетани 140 метри со фантастична техника доби 151.3 бодови, и со 140.5 метри од првиот скок и 144.8 поени, стигна до вкупна бројка од 296.1.
Големи причини за радост имаше и Карл Гајгер, кој изненадувачки дојде до бронзениот медал, иако не беше вбројуван меѓу фаворитите. германскиот скокач на крајот стигна до 281.3 поени а интересно е што двата скока му беа од по точно 138 метри.