Скијачката Линдзи Вон почна да тренира само 25 дена по тешката повреда што ја доживеа на Зимските олимписки игри.
Оваа 41-годишна Американка објави видео на социјалните мрежи од теретана, на кое покажува како се опоравува од операциите на кои се подложи по сериозниот пад на олимписката спуст трка.
Несреќата резултираше со сериозни повреди – комплексна фрактура на тибијата на левата нога, за што беа потребни пет операции. Една од нив спречи дури и на можна ампутација на ногата. Лекарите предвидуваат дека целосното закрепнување на коските може да потрае околу една година, но Американката е категорична дека нема намера да се откаже.
Погледнете ТУКА како Вон веќе ја почна да тренира на стартот на својата рехабилитација.

