Најуспешната скијачка на сите времиња, олимписка и светска шампионка Линдзи Вон, по завршувањето на кариерата, реши да се фокусира на приватниот живот, а идните планови ѝ се врзани за живот со 30-годишниот Пи Кеј Субан, кој е пет години помлад од неа.
Субан е хокејар на НХЛ тимот Њу Џерси девилс. Тој со Вон се запознаа пред две години, а за нивната врска, јавноста дозна во 2018 година. Субан ѝ предложил брак на Линдзи пред трите кучиња на скијачката, при што ѝ дал прстен со омилениот цвет на неговата сега веќе вереница. Вон ќе треба да се пресели во Њу Џерси, бидејќи таму игра нејзиниот свршеник.
Линдзи Килдоу во минатото беше во брак со скијачот Томас Вон, од кого го зеде презимето, а потоа беше верена со најпознатиот голф играч во последните две децении, Тајгер Вудс.