Славниот англиски фудбалер, а сега телевизиски водител, Гери Линекер, го објвини Сер Алекс Фергусон за падот и проблемите во Манчестер јунајтед, а како најголем пример за тоа го зеде Ливерпул и убедливото водството на премиерлигашката табела.
„Седев покрај Алекс Фергусон на ручек пред неколку години. Го прашав, кој е според него најдобриот менаџер, а тој без размислување рече ‘Клоп’. Фергусон беше импресиониран од способноста на Клоп да ги мотивира фудбалерите и да им наметне победнички менталитет. Погледнетего Ливерпул со новиот тренер Арне Слот. Тоа покажува дека Клоп го оставил клубот во одлична состојба. Кај Јунајтед веројатно тоа не било случај кога си замина Фергусон. Знам дека таа сезона ја освоија титулата, но тоа не беше нивната најдобра изведба. Многу одлични фудбалери беа пред крајот на кариерата. Мислам дека тогаш започнаа проблемите. Академијата веќе не произведуваше играчи како претходно.“ – рече Линекер.