Линекер им даде гол на Ирците, па го фатила дијареја и ги наполнил гаќите (Видео)

Гери Линекер, еден од најдобрите англиски фудбалери во историјата, раскажа за случката од пред 30 години, кога на мечот против Република Ирска од Светското првенство во Италија, за време на натпреварот не можел да издржи и извршил голема нужда.

„Имав дијареја ноќта пред мечот, но не сакав да му кажам на селекторот Робсон бидејќи ќе ме оставеше на клупа, а многу сакав да играм. Добро почна, дадов гол. По 20 минути почнаа грчевите во стомакот. Некако издржав до полувреме и мислев дека ќе биде во ред. Во второто полувреме по 10-15 минути пак почнаа грчеви и знаев дека сум во проблем. По еден дуел, паднав на земја, се опуштив на момент и се случи едно – бум. Гери Стивенс дотрча и ме праша што не е во реди му реков дека се посрав. Не знаев што да правам, се триев од тревата како куче, за да се избришам, за среќа, тој ден игравме со темни гаќички. Потоа никој не ми се доближуваше, смрдев“, вели Линекер, кој на Мундијалот во Италија даде 4 гола, од кои едниот против Ирците на овој меч во Калјари кој заврши 1-1.

Линекер беше повлечен од игра во 83-тата минута, а и на клупата сите бегале од него.

На ова СП, Англичаните испаднаа од Германија на пенали во полуфиналето, а по средбата, Линекер ја даде една од најпознатите изјави во историјата на фудбалот дека ова е спорт во кој 22-ца играчи играат 90 минути со една топка, а на крај секогаш победува Германија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести