Линекер со брутална шега на сметка на висината на Стерлинг и тревата во Тирана

На Англичаните речиси секогаш кога играат на гостински терен нешто им пречи, и вечерва не беше исклучок, најдоа маана на тревата на теренот во Тирана, не била доволно искосена, и била многу висока, со цел топката да се движи побавно.

По тој повод, на Твитер се јави аналитичарот и некогашен славен фудбалер, Гери Линекер. Тој на шега порача дека ако тревата во Албанија била уште малку повисока, тогаш не ќе можело да се види Рахим Стерлинг кој е еден од најниските англиски репрезентативци.

- Оглас -

Најнови вести