Лингард им побегна и на Лисиците, со голови го води Вест Хем кон Лигата на шампионите

Џеси Лингард е незадржлив во Премиерлигата и повторно беше стрелец на два гола во победата на Вест Хем против Лестер со 3:2. Играчот што е позајмен кај чеканите од Манчестер јунајтед доживеа невиден препород и има постигнато 8 гола со 3 асистенции на 9 меча што ги одигра за клубот од Лондон.

Со неговите голови во првото полувреме Вест Хем поведе со 2:0, потоа и Боувен даде гол за 3:0 и повторно Чеканите се најдоа во иста ситуација како и во претходните две кола.

По третпат имаа предност од 3:0, првиот пат со Арсенал ја прокоцкаа за реми 3:3, а потоа и денеска сепак успеаја да победат со 3:2 против Вулверхемптон и со Лестер.

Новата победа 16-та во Премиерлигата повторно го врати Вест Хем на четвртото место на табелата, последно што води во Лигата на шампионите.

Лестер е трет, сега само со еден бод повеќе од Вест Хем, два од челзи и четири од Ливерпул, што најавува жестока битка за местата што гарантираат настап во Лигата на шампионите.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести