Лингард има нов клуб, двократниот европски првак го чести со 200 илјади неделна плата

Џеси Лингард следната сезона ќе игра во дресот на новиот англиски прволигаш, Нотингам форест. Англискиот офанзивец потпиша едногодишен договор со некогашниот двократен европски шампион, а наводно ќе заработува вртоглави 200.000 фунти на неделно ниво.

Лингард прво на социјалните мрежи се пофали и објави видео во кое потврди дека договорот е склучен носејќи го шалот на Нотингам, а потоа и клубот го официјализира ангажманот.

- Оглас -

Најнови вести