Враќањето на Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед е топ-вест во англискиот фудбал. Роналдо во првиот меч по 12 години во дресот на Црвените ѓаволи одигра блескаво и даде два гола во убедливата поведа над Њукасл од 4:1.
Еден гол постигна Бруно Фернандеш, а точка на мечот стави Џеси Лингард. Токму Лингард потсети на неговата прва средба со Роналдо точно пред 18 години. Тогаш Роналдо како тинејџер, а Лингард како 10-годишно дете се сретнаа во тренинг-кампот на Манчестер.
Роналдо му покажуваше финти на Лингард, кој сонуваше да биде во тим со Португалецот, а сега по толку години, тоа и му се исполни.
„Деца, сонувајте големи работи“, беше пораката од Лингард со фотографиите од пред речиси две децении.
Dream big kids
pic.twitter.com/0E1Ot7WNom
— Jesse Lingard (@JesseLingard) September 11, 2021