Хрватската ракометна репрезентација ја оствари првата цел, да се пласира во втората фаза на ЕП, од Грац ќе се пресели во Виена, а им останува утре во третото коло да играат со Србија, која после мечот се враќа дома.
Селекторот Лино Червар кој и во 2010 на водеше Хрватска на ЕП во Австрија и стигна до финалето. Тоа е последно финале за Коцкестите.
„Дали гледам сличности? И тогаш бевме хендикепирани. Игравме финале со Франција во кое водевме со 12-9. После тоа си отидов, осум години не бев тука. Луѓето забораваат дека ме немаше, па велат дека сум Лино од 2003 или 2004 година. Се заборава финалето од 2010. Сега морав многу работи да сменам, и составот и идеите за игра. На ЕП во Шведска 2002 година бевме последни без бод, а потоа освоивме и Светско првенство и Олимписки игри. Па тоа го нема ни во Гинисовата книга на рекорди. Кажете ми кој тим бил последен, а потоа за две години ги освоил двете најголеми натпреварувања“ – вели Червар.