1702 Лион – Брест (Лига 1, Франција, 17 часот)
Лион ја почнува новата ера без Мемфис Депај, кој замина во Барселона, а им беше најдобар стрелец лани со 20 гола.
И без Холанѓанецот, Лавовите беа ултра-ефикасни во подготвителниот период што најавува дека ништо сериозно нема да се смени во офанзивниот пристап на најтрофејната француска екипа со ПСЖ во 21 век.
Проблем е што и Бразилецот Пакета не играше ниту еден меч во серијалот пријателски дуели пред стартот на новата сезона во Лига 1, поради настапот за Кариоките на Копа Америка.
Лион и Брест си имаат убава традиција на ефикасни мечеви. Во ланското првенство одиграа два дуели со вкупно 9 гола, па ќе типуваме дека и денеска ќе има многу погодоци во премиерниот меч за двете екипи во новата сезона на француското првенство.
Предлог тип: ГГ&3+ (1.84)
1903 Штурм Грац – Алтах (Бундеслига, Австрија, 17 часот)
Штурм е фаворит за победа против Алтах, бидејќи има подобар тим од гостите и многу поголем рејтинг во австрискиот фудбал.
Сепак поразот од шампионот Салцбург во првото коло со 1:3 покажа доста слабости во дефанзивниот дел на трикратниот шампион.
Се корегираа со триумф од 4:1 против Волфсбергер и по само две кола потврдија дека ќе бидат еден од омилените тимови за обложувачите кога станува збор за игрите на голови.
Штурм игра за гол повеќе, Алтах често знае да парира со погодоци и на последните четири меѓусебни дуели на овие две екипи секогаш имаше 3+.
Сега ќе типуваме исто, само со додаток ГГ, односно дека на „Меркур арена“ ќе се тресат двете мрежи во меч со најмалку три погодоци.
Предлог тип: ГГ&3+ (1.91)
1091 Манчестер сити – Лестер (Комјунити Шилд, Англија, 18.15 часот)
За првиот трофеј во новата сезона во Англија, на „Вембли“ стандардно ќе играат шампионот Манчестер сити и освојувачот на пехарот во ФА купот, Лестер.
Првакот на Англија е поуспешен досега со шест пехари, наспроти два на Лисиците, а и според коефициентите фаворит е Манчестер сити. Интересна е традицијата во последните 15 години што им оди во прилог на популарните Граѓани, а која вели дека од 2007 само екипи од Лондон, Арсенал и Челзи и од Манчестер, Јунајтед и Сити го освојувале пехарот.
Лестер лани приреди вистинска сензација со победа од 5:2 во Манчестер, но потоа загуби дома со 0:2 во два многу интересни натпревари. Се игра за првиот трофеј во сезоната, двата клуба имаат одлични екипи, што ветува ефикасен фудбал со голови и во мрежата на Лестер и на Манчестер сити.
Предлог тип: ГГ (1.62)
3141 Славен Белупо – Шибеник (Прва лига, Хрватска, 18.55 часот)
Славен има интересен старт во новата сезона во ХНЛ и на гости против главните фаворити, Динамо Загреб и Осиек мина без пораз со победа и реми, но загуби од аутсајдерот Локомотива Загреб на домашен терен.
Домаќините имаат одлично дуо напаѓачи од различни генерации. Ветеранот Иван Крстановиќ и на 38 години ги тресе мрежите во најквалитетната хрватска лига, а партнер му е 23-годишниот Бруно Богојевиќ, кој е опасен стрелец и голем адут на Славен.
Шибеник стартуваше со три порази во три кола, ќе се бори за опстанок, но и типуваме дека ќе ја продолжи серијата неуспеси и на гостувањето во Копривница.
Предлог тип: 1 (1.75)
1703 Троа – ПСЖ (Лига 1, Франција, 21 часот)
Троа во голем стил, како првак во Лига 2 се врати во највисок ранг на натпревари и веќе во првото коло го пречекува најголемиот фаворит за титулата.
Во Париз се е во знакот на очекуваниот трансфер на Лионел Меси, но Светците мора да внимаваат, бидејќи лани доминатната последна декада со 7 титули им ја прекина новиот шампион Лил.
Троа има катастрофален биланс против ПСЖ. На последните 16 меча во сите конкуренции има 13 порази и само три ремија, а последен пат го почуствуваа вкусот на победата во 2001 година, односно пред точно 20 години.
Парижани имаат доста проблеми со повреди и замор на играчите. На „Стад де Луб“ денеска сигурно нема да истрчаат Серхио Рамос, Бернат, Дагба, Сарабија, Гвеје и Рафиња, но сепак гостите се апсолутни фаворити и типуваме на двојка со минимум три гола.
Предлог тип: 2&3+ (1.84)