Лион го отпушти тренерот Бош и на негово донесе француска легенда

Олимпик Лион влезе во серија лоши резултати и цехот го плати тренерот Петер Бош, кој доби отказ, а на негово место е ангажиран капитенот на Франција кога „триколорите“ за прв пат станаа светски шампиони во 1998 година, Лоран Блан.

Олимпик Лион имаше одличен старт на сезоната, но потоа влезе во серија од четири порази по ред и тоа од Лориен, Монако, ПСЖ и Ленс, а во петокот на домашен терен одигра само 1:1 против Тулуз.

По ремито, управата едногласно реши да му врачи оставка на Петер Бош , по само една година мината во клубот.

Неговиот наследник, Лоран Блан од 2013 до 2016 година го предводеше ПСЖ и освоит три шампионски титули, а последен ангажман му беше во катарскиот Ал Рајан од каде доби отказ на почетокот на годината.

- Оглас -

Најнови вести