Лион остана без тренер само четири дена пред важниот меч против Лудогорец од Лигата на Европа. Американскиот претседател на клубот, Џон Текстер, реши да го отпушти Пјер Саж од неговата позиција по серијата слаби резултати на тимот, вклучувајќи ја и неочекуваната елиминација од аматерскиот Бургун во 1/16-финалето на Купот на Франција.
Тимот исто така не успеа да запише победа во последните свои мечеви во Лига 1 против Брест и Тулуз, а и ремијата со Фенербахче и со Нант не доведоа до смирување на раководството.
Текстер лично отпатувал до Лион за да го информира Саж за неговата одлука и покрај тоа што тој беше назначен само еден месец претходно, во декември 2023 година.
Според информациите на „Л’Екип“, претседателот на Лион преговара со Пауло Фонсека веќе десетина дена и се очекува тој да биде назначен за нов тренер.