Лион и Манчестер јунајтед одиграа „луд меч“ , на останатите два дуела немаше победник (Видео)

Олимпик Лион и Манчестер јунајтед одиграа 2:2 во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на Европа. Фантастичен беше финишот на дуелот кога Манчестер прво погоди за 2:1, а потоа домаќините израмнија на 2:2 буквално во последните секунди од мечот.

Лион поведе со голот на Алмада во 26-тата минута, по еден центаршут и лоша проценка на голманот на Манчестер јунајтед, Онана.

Манчестер јунајтед израмни во последните моменти од првиот дел, кога Јоро погоди за 1:1.

Во второто полувреме двете екипи имаа свои шанси, а делуваше дека ќе биде нерешено, но така не мислеше Џошуа Зиркзе. Се играше 88-мата минута, кога Бруно Фернандес одлично нафрли, а Зиркзе со глава погоди за 2:1.

Сепак, тука не беше крајот. Беше покажано дека ќе се игра пет минути продолжение, а Лион со голот на Черки во 90+5 минута стигна до 2:2. Веднаш потоа судијата означи крај на средбата.

Во останатите два меча кои се играа од 21 часот, немаше победник. Ренџерс на свој терен одигра 0:0 против Атлетик Билбао. Гостите промашија пенал во 82-рата минута.

Тотенхем на свој терен одигра 1:1 против Ајнтрахт Франкфурт.

 

- Оглас -

Најнови вести