Претседателот на Лион, Жан Мишел Ола, секогаш имал доверба во Карим Бензема, кој како млад играше за неговиот клуб пред да го продаде во Реал Мадрид во 2009 година.
Потврда за ова е што во договорот со кој Бензема од Лион се пресели во Реал, имало и клаузула дека Кралскиот клуб треба на Французите да им плати еден милион евра, доколку еден ден додека уште е член на Реал, Бензема ја освои Златната топка.
Бензема е Златна топка за 2022 година, чекањето на Лион од 13 години се исплатеше.
Инаку и Бензема ќе добие милион евра, пари кои ги доделува „Франс фудбал“ за освојувачот на признанието.