Лион со конечни 2-1 славеше во дуелот против Бордо благодарение на феноменалниот погодок на бекот Лео Дубуа во втората минута од судиското надополнување.
Фудбалерот на Лавовите го начека нафрлувањето од Корне, ја намести топката за шут и испрати силен удар во подалечниот агол од голот, па со помош на дирекот го запиша прекрасниот погодок вреден за три бода и преноќување на лидерската позиција на табелата во француската Лига 1.
Погодокот можете да го видите на следниот ЛИНК.
Лион сега е прв со 46 бода, еден повеќе од шампионот ПСЖ, кој во недела гостува кај Лориен.