0.8 C
Skopje
петок, 23 јануари 2026

Лион ќе стави крај на низата без триумф над Дижон на домашен терен

Олимпик Лион – Дижон (21ч)

Лавовите никако да обезбедат победа против Дижон на домашен терен во последните три првенствени дуели. Сепак, Лион влегува со поголеми амбиции по успешното издание во ЛШ каде што стигна до полуфиналето. Со задоцнување од едно коло, Лион ги почнува обврските во новата сезона од Лига 1 и целта е да се почне во добро светло.

Лавовите бројат две победи и пораз покрај двете ремија во последните пет меѓусебни средби против Дижон, екипа која претходно им правеше проблеми и на домашен терен. Од вечерва овој учинок ќе се подобри.

Предлог тип: 1 & Т1 2+ (1.58)

 

Остенде – Андерлехт (20:45ч)

Со две ремија и триумф во првите три кола Андерлехт ја стартуваше сезоната во белгиското првенство. Тоа не е учинок каков што посакува најпознатиот белгиски клуб, а за подобрување на истиот ќе треба да се освојат бодовите кај екипа која знае да прави проблеми.

Андерлехт на последните три гостувања кај Остенде еднаш успеа да издвои триумф, а кога губи редовно прима два или повеќе гола. Гостите ја одржуваат ефикасноста на високо ниво, меѓутоа се ранливи во одбраната, што е најава дека вечерва ќе има голови на двете страни.

Предлог тип: 1+I & 2+II (2.45)

 

Металац – Чукарички (19ч)

Чукарички со речиси перфектен учинок во првите пет кола стои зад Црвена ѕвезда на табелата во воведниот дел од сезоната во српското првенство. Четири победи и едно реми, се гаранција дека Чукарички вечерва ќе продолжи да реди позитивни резултати.

Шансите за евентуална победа на гостите се големи ако се знае дека Металац не игра добро и освои седум бода од максимални 18 во петте претходни меча. Тоа што Металац е домаќин не игра многу улога, бидејќи Чукарички славеше во четири од последните пет гостувања.

Предлог тип: 2 & 1+I (2.25)

 

Феенорд – Хамбургер (16ч)

Пријателските натпревари секогаш се добра прилика да се бркаат солидни коефициенти на погодоци. Токму Феенорд и Хамбургер треба да приредат ефикасна средба иако ќе настапат во комбинирани состави.

Екипите ќе се воигруваат, а тоа значи порастерена игра, која може да биде проследена со грешки на одбраните. Хамбургер досега не славеше во ниту една од трите контролки кои ги одигра, додека пак Феенорд доби четири од шесте пријателски средби во подготовките.

Предлог тип: 4+ (2.25)

 

Валенсија – Вилјареал (20ч)

Дани Парехо, екскапитенот на Валенсија, како и Францис Кокелан, веројатно вечерва ќе добијат прилика во контролката против Лилјаците како нови играчина Вилјареал. Ќе биде чудно за Парехо по речиси една деценија да игра против клубот од „Месталја“, а во оваа емотивна средба се очекува мрежите да се тресат на двете страни.

Сезоната во Ла Лига почнува на 12 септември, што значи дека двете екипи мора успешно да ги поминат подготовките. Меѓусебните средби од минатата сезона паметат три, односно два гола со по една победа на двете страни.

Предлог тип: ГГ3+ (1.82)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести