Лион конечно победи, но се уште е последен на табелата (Видео)

Фудбалерите на Лион ја забележаа само втората овосезонска победа, откако вечерва на домашен терен го совладаа Тулуз со убедливи 3-0.

Стрелец на сите три погодоци беше Александре Лаказет, кој серијата погодоци ја започна во 25-тата минута, а само четири минути подоцна и зголеми на 2-0. Конечните 3-0 беа поставени во 80-тата минута.

Лион со оваа победа дојде до 10 бода, но се уште останува на последната позиција во француското првенство. Сепак, оваа победа може да биде многу значајна бидејќи Лион и тоа како се врати во борбата за опстанок.

- Оглас -

Најнови вести