Лион победи вторпат по ред и веќе не е последен во Франција! (Видео)

Најголемото разочарување во француското првенство оваа сезона, екипата на Лион, конечно заигра во препознатливата форма и ја забележа втората победа во низа, откако вечерва со 0-1 го совлада третопласираниот Монако на гостински терен.

Единствениот погодок на мечот, кој значеше и победа на Лион, беше дело на Џефињо во 85-тата минута. Поранешниот шампион на Франција сега се искачи на 16-тата позиција на табелата, место кое води во баражот за опстанок во лигата. Сепак, доколку Лион продолжи со добрите резултати, брзо ќе се оддалечи од опасната зона.

- Оглас -

Најнови вести