Лион си најде тренер, доаѓа темпераментниот Аргентинец

Поранешниот француски шампион Олимпик Лион има очајна сезона во Лига 1 и моментно се наоѓа на последното место на табелата поради што тренерите почнаа да се менуваат како на филмска лента.

Сезоната ја започна Лоран Блан кој седеше на клупата само 11 септември по што беше заменет со Фабио Гросо.

И Италијанецот кратко се задржа на клупата, пред четири дена доби отказ, а наскоро се очекува на клупата да седне темпераментниот Хорхе Сампаоли.

Според „Футмеркато“, челниците на Олимпик Лион веќе стапиле во контакт со Сампаоли и начелно е постигнат договот Аргентинецот да седне на клупата на францускиот тим. Последен ангажман на Сампаоли му беше во бразилскиот Фламенго.

- Оглас -

Најнови вести