2916 Аугсбург – Борусија Дортмунд (17.30 часот)
Борусија со победа ќе биде поблиску до лидерот Баерн отколку до третопласираниот Баер Леверкузен. Аугсбург има два порази по ред, и се наоѓа на 16-та позиција. Дортмунд во просек дава речиси по три гола на меч и одбраната на домашните ќе биде на сериозен испит, иако нема да игра Халанд. Борусија има само еден нерешен резултат сезонава, а во минатата сезона, Жолто-црните загубија со 0-2 на гостувањето во Аугсбург.
Предлог тип: 2 & 3+ (2.30)
3138 Црвена ѕвезда – Партизан (18.00 часот)
Ова белградско дерби може или да го одлучи шампионот на Србија (ако победи Партизан) или максимално да ја вжешти и направи неизвесна битката за титулата (ако победи Ѕвезда). Црно-белите немаат пораз сезонава, во 23 кола имаат само два нерешени резултати, сите други им се победи, го имаат најефикасниот напад и најдобрата одбрана. Партизан на 23 меча прими само 6 гола, но овој меч е поважен за домашните кои сакаат да го одбранат трофејот и ќе бидат помотивирани и под поголем притисок. Последните осум нивни дуели завршија со 0-2 гола.
Предлог тип: 2-3 гола (1.97)
2914 Лион – Лил (20.45 часот)
Дуелот на двете најголеми разочарувања во француската лига овојпат за престиж, лани се бореа за титула, а сега успех би било ако воопшто се пласираат во европските купови. Двата тима се променливи, во последните три кола имаат по една победа, пораз и реми. Лион дома има серија од три победи по ред, а тие се тим кој дома дава гол на секој меч во последните 10 месеци. Во декември кога играа во Лил, средбата заврши 0-0. Лион десет години нема победа дома против Лил во лигашки меч.
Предлог тип: 1 (1.83)
3733 Лацио – Наполи (20.45 часот)
Наполи со реми ќе се изедначи со вториот Интер, а со победа ќе биде на делба на врвот со Милан, но наполитанците во слична ситуација беа и во минатото коло, па киксираа. Овојпат пред Наполи е многу тешка задача, бидејќи Лацио одамна нема пораз, се бори за излез во Европа и дома е многу незгоден. Наполи е тим со најмалку примени голови во Серија А, но пред три дена без разбиени од Барселона. Наполи во ноември го совлада Лацио со 4-0, римјаните ќе сакаат реванш, па би требало да има голови во двете мрежи. Во последните девет години, никогаш не било нерешено на нивните пресметки на „Олимпико“.
Предлог тип: ГГ (1.69)
1493 Барселона – Атлетик Билбао (21.00 часот)
Каталонците се во еуфорија откако го елиминираа Наполи во Лига Европа, полни се со самодоверба откако даваа по четири гола на претходните два меча, но сега на гости им доаѓа еден опасен ривал. Двата тима имаат по три победи во последните четири кола, но Атлетик тешко дека може да остане непоразен. Жорди Алба е суспендиран, па левата страна на Барса ќе биде ослабена. Атлетик 20 години не победил на „Камп ноу“.
Предлог тип: 1 & 2-5 (2.17)