Лион загуби од тим кој во своите редови имаше 43-годишен играч

Втора победа на Монпелје и прв пораз на Лион сезонава во француската Лига 1 по нивниот вечерашен меѓусебен дуел кој заврши со 2-1 за домашните. Двата гола за Монпелје ги даде Тежи Савание, од кои првиот од пенал. Савание има седум погодени пенали од седум обиди од почетокот на минатата сезона, кога дебитираше во Лига 1. Стрелец за Лион беше Мемфис Депај во 82-рата минута од пенал.

На овој меч во екипата на Монпелје настапи и Хилтон, кој има 43 години. Од 1956 година се немаше случено во француската лига да настапи некој 43-годишник. Во Топ-5 лигите, пред Хилтон, од 43-годишните последен настапи голманот Марко Балота во 2008 година, кога ексчуварот на мрежата на Лацио имаше 44 години.

Хилтон вечерва доби и црвен картон за пеналот кој го направи. По три рунди, Монпелје има 6, а Лион скромни 4 бода.

- Оглас -

Најнови вести