Лионел Меси е најдобар играч во Ла Лига во 21-от век, пред Кристијано Роналдо и пред Зинедин Зидан

Лионел Меси е прогласен за најдобар фудбалер на Ла Лига во 21-от век, според ранг-листата составена од светски влијателниот фудбалски портал „Goal.com“. Второто место го зазема Кристијано Роналдо, а третото Зинедин Зидан.


Во оваа листа се најде и капитенот на Реал Мадрид и на хрватската репрезентација, Лука Модриќ, кој го зазема осмото место и е единствен од првите десетмина кој сѐ уште игра во Ла Лига, заедно со Антоан Гризман од Атлетико Мадрид.

„Сите мислевме дека Лука Модриќ, а не Тони Крос, ќе се пензионира на крајот од сезоната 2023/24. На крајот, Модриќ, кој јасно покажа дека сака да продолжи да игра, ја прифати улогата на играч од клупата во тимот на Реал. Но, оваа сезона повторно се издигна и ја пронајде формата по која е можеби најдобриот играч за врска во историјата на клубот,“ се наведува во образложението на рангирањето.

Топ 25 најдобри фудбалери на Ла Лига во 21-от век според „Goal.com“

Лионел Меси
Кристијано Роналдо
Зинедин Зидан
Роналдињо
Луис Суарез
Чави
Андрес Иниеста
Лука Модриќ
Антоан Гризман
Нејмар
Серхио Рамос
Серхио Бускетс
Тони Крос
Икер Касиљас
Карим Бензема
Карлес Пујол
Пепе
Жорди Алба
Давид Виља
Винисиус Жуниор
Герет Бејл
Диего Годин
Тибо Куртоа
Луиш Фиго
Марсело

- Оглас -

Најнови вести