Лионел Меси испиша историја откако успеа да дојде до бројката од 900 гола во кариерата. Аргентинецот погоди во седмата минута од дуелот против Нешвил во Лигата на шампионите на Северна Америка и со тоа стана само втор фудбалер во историјата со ваков ефект. Повеќе голови од Меси има само Кристијано Роналдо, 959.
Аргентинецот најмногу голови постигна во дресот на Барселона, 672, за Аргентина постигна 115 гола, 81 во дресот на Интер Мајами и 32 за ПСЖ.
MESSI’S 900TH GOAL OF HIS CAREER 🐐
(via @FOXSoccer)pic.twitter.com/F8ejTYn1n6
— ESPN FC (@ESPNFC) March 18, 2026
Сепак, голот на Меси против Нешвил не беше доволен за Интер Мајами да се пласира во четвртфиналето бидејќи гостите до крајот на средбата успеаја да израмнат и на тој начин да ги елиминираат од понатамошниот дел од натпреварувањето.

