8.8 C
Skopje
среда, 24 декември 2025

Лионел Меси лично од Џо Бајден ќе го добие најголемото граѓанско признание на САД

Претседателот, Џо Бајден, лично ќе му го додели најголемото граѓанско признание на САД – претседателскиот медал на слободата, на Лионел Меси за неговите заслуги. Ова големо признание ќе го добијат вкупно 19 заслужни граѓани на САД, а освен Меси, спортист кој ќе биде одликуван оваа година е и легендарниот кошаркар, Меџик Џонсон.

Освен Меси и Џонсон, признанието ќе го добијат уште 17 граѓани. Легендарниот Аргентинец во САД пристигна во 2023 година, кога направи трансфер од ПСЖ во Интер Мајами и е еден од најзаслужните за развојот и подемот на фудбалот во САД, земја која ќе биде една од организаторите на Светското првенство во 2026 година, заедно со соседите, Канада и Мексико.

- Оглас -

Најнови вести