Лионел Меси се врати на фудбалските терени по суспензијата и повредата и веднаш блесна со гол и асистенција за победа на Интер Мајами. Тоа беше 875-тиот гол во кариерата за Аргентинецот, со што стана најмладиот фудбалер кој дошол до таа бројка на голови.
Меси има 38 години, но во оваа категорија го доби приматот на „најмлад“. Аргентинецот освен 875-те голови, има и 389 асистенции, па е лидер и во категоријата на „голови и асистенции“ со вкупно 1263.
Лидер во категоријата по бројот на постигнати голови е Кристијано Роналдо со 938.